Република
Македонија е мала, но по своите природни
и антропогени вредности мошне богата
земја. Се наоѓа во централниот дел на
Балканскиот Полуостров и, како скоро
ниту една друга земја во Европа, има
исклучително поволна туристичко-
географска положба. Се простира помеѓу
400 50, и 420 20, С.Г.Ш. и 20027,30,, и 23005,, И.Г.Д. Низ
неа минуваат значајни патни правци кои
ги поврзуваат земјите од Сентрална и
Источна Европа со оние од јужниот и
југоисточниот дел од континентот кои
понатаму продолжуваат кон земјите од
Блискиот Исток и подалечно.
|
Најголемиот
дел од населението го сочинува
македононската популација, додека
набројни меѓу малцинствата се
Албанците, Турците и Србите.
Република
Македонија обилува со природни
убавини и реткости и, како таква,
многумина ја нарекуваат "бисер на
Балканот".
Многубројните
планини, густите и разновидни шуми,
полноводните реки и бистрите езера ја
вбројуваат во една од земјите со
најголема туристичка привлечност.
|
|
|
Таа
е богата со водни ресурси. Токму затоа
често се нарекува "Земја на езера".
Тоа доаѓа од таму што во неа
егзистираат повеќе од 100 помали и
поголеми езера од различно потекло.
Реките, пак, припаѓаат на три сливни
подрачја, а најголемиот дел од водите
отекнуваат од сливното подрачје на
реката Вардар која, воедно,
претставува и најголема река во
земјата.
Главен
политички, административен и културен
центар е Скопје, во кој живеат близу
550.000 жители. Тој бил главен центар уште
на старата Дарданска провинција
бидејќи низ него, уште тогаш, минувале
значајни патни правци.
|
Други поголеми
градови се: Битола, Прилеп, Куманово,
Тетово и Охрид, додека не помало
значење имаат и останатите градски
центри.

|